твитер

Минамино и официјално нов фудбалер на Ливерпул

Такуми Минамино и официјално е фудбалер на Ливерпул откако потпиша договор со европскиот шампион. Ливерпул се согласи да ја плати откупната клаузула која изнесуваше 9 милиони евра, а Јапонецот потпиша договор со кој на „Енфилд“ ќе остане до летото 2024 година.

– Ливерпул е гигант, чест е да се игра за овој клуб. Јас отсекогаш сонував еден ден да го облечам дресот на Ливерпул,а сега тој сон стана реалност – изјави Минамино на официјалната промоција.

Првата честитка за новиот фудбалер на Ливерпул дојде од менаџерот Јирген Клоп.
– Ова е прекрасна вест, фантастично засилување и ние сме навистина среќни со ова. Такуми е многу брз и паметен фудбалер, храбар е со топката, но храбар е и без топката, вистински тимски играч – изјави Клоп.

Такуми Минамино настапи на 199 натпревари за Салцбург, постигнувајќи 64 погодоци, еден од нив на овосезонското гостување против Ливерпул во рамките од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот