17.8 C
Скопје

„Милионерите“ бараат повеќе пари: Дортмунд ја одби понудата за Санчо!

Се шпекулира дека англискиот репрезентативец Џејдон Санчо најверојатно ќе ја напушти екипата на Борусија Дортмунд во текот на летниот преоден рок.

Клубот од „Олд Трафорд“ испрати понуда од 78 милиони евра за услугите на Санчо, но „милионерите“ веднаш ја одбија оваа понуда и бараат повеќе пари.

За нивниот играч, Дортмунд бара вкупно 95 милиони евра и тие пари да му бидат исплатени за пократок период отколку што Јунајтед побара да ги исплати на рати во следните пет години.

Иако британските медиуми информираат дека се очекува многу бргу да се постигне договор меѓу Борусија и Манчестер јунајтед, и дека „црвените ѓаволи“ му нудат договор од 13 милиони фунти годишно, младиот фудбалер не сака да зборува за својата иднина.

– Не ги слушам шпекулациите. Јас сум само фокусиран на моите игри и клубот, тоа е најважно. Дортмунд е тивок град. Лесно е да се оди на тренинг и да се вратиш дома. Навивачите уживаат во фудбалот и тоа е многу добро. Единственото нешто што ми пречи е тоа што сум разделен од семејството, но тоа е дел од животот – рече Санчо за „Би-Би-Си“.

Евро 2020 | Група Д: Англија и Хрватска сакаат да го повторат успехот од Русија!

Санчо е член на бундеслигашот од 2017 година, а во клубот пристигна за осум милиони фунти од младинскиот тим на Манчестер сити.

Неговото доаѓање во Борусија Дортмунд се покажа како вистински потег бидејќи Англичанецот блескаше досега за екипата. Санчо во изминатите четири години играше на 137 натпревари и постигна 50 погодоци за „милионерите“.

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар