Милевски: Извинување до целата нација, не се откажувам

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва доживеа дебакл како што не паметиме, Англија на „Олд Трафорд“ не победи со убедливи 7:0.

Најголемите критики по натпреварот одат на сметка на селекторот Благоја Милевски, кој по натпреварот испрати извинување до целата македонска јавност.

„Сакам да ѝ се извинам на цела нација, во мое лично име и во име на играчите, јас сум тој што праќа повици, јас решавам кој ќе игра, така да се извинувам до македонската нација, посебно до тие што дојдоа тука. Благодарност за нив што дојдоа да нѐ бодрат. Играчите се истите, од Италија, Португалија, јас сум истиот. Се случуваат вакви лоши моменти и мора да преземеме сите одговорност, но јас не сум карактер да се откажам веднаш. Мора сите да ја поправиме нашата слика и да бидеме подобри.

Факт е дека се соочивме можеби со најсилната селекција во Европа, но факт е дека потфрливме во исполнување на одредени тактички замисли иако јасно е дека по оние први погодоци кои дојдоа поради индивидуални грешки, понатаму се се сруши. Во секој случај пресуди индивидуалниот квалитет на противникот, кој е на едно друго ниво. Нивното издание вечерва е за секоја пофалба“, изјави Милевски по убедливиот пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот