ВИДЕО | Дебакл каков што не паметиме: Македонија со „седмица“ се враќа oд Манчестер

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maкедонија денес доживеа дебакл каков што не паметиме, Англија на „Олд Трафорд“ нè победи со 7:0.

Првите 15-тина минути од натпреварот поминаа мирно без посериозни прилики на двете страни, ние на двапати влеговме во противничкиот шеснаесетник преку Ашковски кој загуби дуел од Мегваер и Трајковски кој испрати нафрлување од десната страна.

Капитенот на Македонија, Стефан Ристовски во 16-тата минута имаше жесток судир со капитенот на Англичаните, Хари Кејн. Ристовски помина полошо во тој дуел, но како вистински борец по неколку минтуи кои беа потребни да се санира повредата се врати на теренот.

Aнглија до водство стигна буквално од првата посериозна прилика кога Лук Шо одлично го пронајде токму Кејн кој го матираше Димитриевски.

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Буквално Англичаните ја казнуваа секоја наша грешка, па само осум минути по тој гол на Кејн во листата на стрелците се запиша и Сака. Едноставно во нападот вечерва барем во првите 45 минути избраниците на Герет Саутгејт без безгрешни.

Ние во нашите ретки излегувања на противничката половина не успевавме да влеземе во 100% прилика за гол, а Англија продолжи да ги казнува нашите грешки, па така во листата на стрелци се запиша и третиот напаѓач Маркус Рашфорд. 

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Второто полувреме го започнавме со измена во која Ристовски очигледно не можеше да издржи по оној дуел со Кејн, па на негово место влезе Егзон Бејтулаи. Но, тоа на теренот не промени апсолутно ништо, бидејќи Сака во следните пет минути постигна два гола за веќе 5:0.

До крајoт во листата на стрелци се запиша и Филипс, а втор гол и Кејн постигна за конечни 7:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот