Милеи сака да ги врати Фолкландските Острови, но Лондон има други планови

Милеи и Камерон во Давос / Фото Handout / AFP / Profimedia

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон следната недела ќе ги посети Фолкландските Острови, територија спорна меѓу Обединетото Кралство и Аргентина, каде ќе го потврди правото на жителите на самоопределување, соопшти британската влада.

Камерон е првиот британски министер кој ги посети Фолкландите од 2016 година.

Велика Британија и Аргентина влегле во војна во 1982 година за оваа јужноатлантска територија, која се наоѓа на 400 километри од аргентинскиот брег и речиси 13.000 километри од британскиот брег. Во 74 дена од војната загинале 250 британски и 650 аргентински војници.

Камерон, поранешен британски премиер, доаѓа на Фолкландите неколку недели по инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој ја објави својата намера да ги врати во Аргентина на „дипломатски“ начин.

Лондон, од друга страна, се повикува на фактот дека речиси 100 отсто од 2.000 жители на островот гласале за останување под британска контрола на референдумот во 2013 година.

Според Камерон, „Фолкландските Острови заземаат важно место во британското семејство и се додека тие сакаат да останат дел од него, прашањето за суверенитетот нема да се разговара“.

Затоа, министерот за надворешни работи планира да ја „реафирмира посветеноста на ОК за правото на граѓаните на самоопределување“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот