Мила Москов го освои шестото место на детската Евровизија

Instagram

Победник на детската Евровизија со најмногу освоени бодови е 15-годишната претставничка на Полска, Вики Габор, на второто место се најде Казахстан, а како третопласирана заврши Шпанија.

Нашата Мила Москов со добиени 150 бодови го освои шестото место на детската Евровизија. Песната „Fire“ Мила ја отпеа маестрално. Со својата изведба 14-годишната Мила ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз.

Досегашни пласмани на нашите натпреварувачи:

2003 Марија и Викторија „Ти не ме познаваш“ 12 место
2004 Мартина Силјановска „Забава“ 7 место
2005 Денис Димоски „Роденденски бакнеж“ 8 место
2006 Зана Алиу „Вљубена“ 15 место
2007 Росица Кукалова и Димитар Стојменовски „Динг динг донг“ 5 место
2008 Боби Андонов „Прати ми СМС“ 5 место
2009 Сара Марковска „За љубовта“ 12 место
2010 Ања Ветерова „Eooo, Eooo“ 12 место
2011 Доријан Длака „Жими овој фрак“ 12 место
2013 Барбара Поповиќ „Охрид и музика“ 12 место
2015 Ивана и Магдалена „Плетенка“ 17 место
2016 Мартија Станојковиќ „Love will lead our way“ 12 место
2017 Мина Блажев „Dancing through life“ 12 место
2018 Марија Спасовска „Дома“ 12 место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот