Мик Шумахер ќе седне во болидот на Михаел на Хокенхајм

Мик Шумахер кој моментно се натпреварува во Формула 2 и е дел од академијата на Ферари, ќе го вози болидот на татка си во сабота, пред квалификациите за трката за Големата награда на Германија, а потоа и ден подоцна. Ова е дел од одбележувањето на 15-годишнината од седмата титула на Михаел Шумахер кој четири од своите 91 победа во кариерата ги оствари на патеката Хокенхајм.

– Мислам дека ќе биде фантастично што ќе го возам тој болид на Хокенхајм.  Последен пат на оваа патека бев кога ја прославив титулата во Формула 3 и сега ќе го возам еден од најдобрите болиди во историјата на Формула 1 – рече Мик Шумахер.

Пред 15 години, Михаел Шумахер ја освои седмата шампионска титула во Формула 1,  а во сезоната Ферари триумфира на 15 од одржаните 18 трки.  Од тие 15 победи, дури 13 беа на Михаел Шумахер.

– Тоа ќе биде емотивен момент, да се види Мик Шумахер зад воланот на болидот од кој имам само убави спомени – изјави Рос Браун, извршниот директор на Формула 1, кој во 2004 година беше технички директор на Ферари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот