Михалка: Го победија Веспрем, нема да ни биде лесно!

sehaphoto

Денеска од 17.00 часот македонскиот ракометен клуб Еурофарм Работник во салата „Боро Чурлевски“ ќе го игра и својот петти натпревар оваа дебитантска сезона во Лигата на шампионите против Татран Прешов.

После триумфот во минатото коло дома над финскиот Кокс, словачкиот претставник е уште една убава можност за битолчани да освојат нови бодови.

Во групата „Ц“ Татран Прешов има максимални четири порази, играчите на хрватскиот тренер Славко Голужа сакаат на ова гостувањето да ја прекинат негативната серија.

– Пред нас е една тешка задача, мораме да бидеме добро подготвени за Еурофарм Работник. Дисциплинирани, силни во одбрана и паметни во нападот. Противникот е опасен преку контрите, нивните голмани со долги топки ги пронаоѓаат своите крила. Затоа, мораме да бидеме внимателни и да не правиме непотребни грешки. Одиме да се бориме, шансите се „50-50“ – рече Голужа.

Да потсетиме, битолскиот клуб во рамките од СЕХА Газпром лигата приреди изненадување совладувајќи го минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Веспрем (26:24), а вчера Унгарците убедливо славеа против актуелниот европски првак Вардар.

– Знаеме дека нема да ни биде лесно. Станува збор за еден млад тим кој сака да трча. Тие исто така го совладаа Веспрем, но доколку имаме добра одбрана и ги искористиме нашите шанси, можеме да успееме – се зборовите на левото крило на Татран Прешов, Давид Михалка.

Составот на Еурофарм Работник за денешниот меч: Чаневски, Чурлевски, Ѓукиќ, Граџан, Јотиќ, Кукоски, Кузманоски, Маџовски, Митревски, Ојлески, Остроушко, Петровски, Радовиќ, Шевелев, Стјепановиќ, Вегар.

На табелата после четири кола во групата „Ц“ води Савехоф со осум бодови, следуваат Бидасоа Ирун (7), Спортинг (5), по два Еурофарм Работники Кокс, а без бодови Татран Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот