Михајловиќ е нашиот херој, победник

На отворањето на новата сезона во Серија А, во центарот на италијанската јавност беше само една личност, тренеротна Болоња, Синиша Михајловиќ.
Михајловиќ кој боледува од леукемија, ги изненади сите во вчерашниот потег, откако му заврши втората терапија во болница во Болоња, наместо дома, тој се упати во Верона за да може да го предводи својот тим во првото коло. Неговиот потег ги изненади и неговите фудбалери.

– Зборуваше со нас преку видео снимка цела недела и ни велеше дека не е 100 проценти подготвен да се врати. Пред еден месец ни кажа дека сака да биде со нас во Верона, но не верувавме дека тоа и ќе го направи. Многу сме среќни што не изненади и ни даде дополнителен поттик. Му се извинувам во име на сите фудбалери бидејќи не му донесовме победа. Имам посебен однос со него и навистина сум среќен што беше тука со нас. Синиша изгуби малку килограми но со духот е истиот, борец до последен момент – изјави фудбалерот на Болоња, Рикардо Орсолини.

Потегот на Михајловиќ кој патуваше 145 километри од Болоња во Верона и седеше на клупата на својот тим го поздравија и политичарите, во прв ред министерот за внатрешни работи и потпретседател на Советот на Министри во Италија, Матео Салвини.

– Победникот на отворањето на Серија А има име и презиме, тој се вика Синиша Михајловиќ. Голем борец, џин кој се бори против леукемија. Емоција, респект и чест – изјави Салвини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот