Каков борец, Михајловиќ излезе од болница и веднаш седна на тренерската клупа – Слободен печат
СпортФудбал

Каков борец, Михајловиќ излезе од болница и веднаш седна на тренерската клупа

Синиша Михајловиќ седи на клупата на Болоња која и гостува на Верона во првото коло од Серија А.

Синиша Михајловиќ покажа дека е голем борец и откако му заврши вториот третман во болницата во Болоња, тој наместо во својот дом, се упати во Верона. Српскиот тренер кој е болен од леукемија, вечерва замина за Верона за да ја води Болоња на отворањето на Серија А.

Видно ослабен и со капче на главата, Михајловиќ се појави на стадионот во Верона, а неговото пристигнување беше еуфорично поздравено не само од навивачите на Болоња, туку и од домашните фанови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close