Михаела Попова е новото име во македонскиот тенис помеѓу судиите на стол

Фото: .mtftennis.mk

Македонскиот тенис доби ново име меѓу судиите на стол. Михаела Попова (24 години) се стекна со статус судија на стол со бела значка. Со името на Михаела, Македонија сега има вкупно четири судии на стол, кои можат да одговорат на барањата на организаторите и да судат мечеви кои се организираат во Македонија, па и ширум светот.

Попова во периодот од 7-11.март годинава успешно го мина школото што се одржуваше во главниот град на Франција и се стекна со статусот бела значка – судија на стол. Михаела е најмлада од македонските судии, а покрај неа како судии на стол сè уште: Зоран Поповски, Анета Павловска и Душан Костадиновски.

Голема чест ми беше што бев избрана за оваа школа што се одржа во Париз. Мојата желба отсекогаш била да бидам судија на стол, да бидам дел со најдобрите, да судам мечеви на најдобрите. Дополнителен мотив за мене и за другите беше што овој настан се одржуваше на Ролан Гарос, место каде што играат и судат најпознатите. Во Париз имаше колеги од повеќе држави, а јас бев единствената од Македонија и од Балканот. Правам чекори напред, односно се движам кон посакуваната цел. Досега имам постигнато многу, но во иднина се надевам на поголеми успеси. Исто така изразувам  благодарност до Македонска тениска Федерација која ми овозможи да бидам дел од овој настан и ме поддржа за постигнување на мојот успех, изјави Михаела.

Попова е три години тениски судија, а тенис играла од својата 11. та година благодарение на нејзиниот повозрасен брат Душан, кој беше и тренер, а исто така поради него дојде и љубовта и да биде дел од судиите во тенисот.

Фото: .mtftennis.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот