Михаел Шумахер, легендата на Ф1, 12 години по ужасната несреќа „веќе не е врзан за кревет“
Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа голема несреќа при скијање пред нешто повеќе од 12 години, на 29 декември 2013 година, а откако неодамна се појави детаљ што ги растажи сите фанови на славниот возач, од неговото семејство пристигнаа добри вести.
Препорачано
Британските медиуми објавија најнови информации за здравјето на Германецот Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1, кој беше сериозно повреден додека скијаше на француските Алпи пред повеќе од 12 години.
Моментално престојува во луксузниот имот Лас Бризас на Мајорка, вреден повеќе од 30 милиони евра.
Шумахер „веќе не е врзан за кревет“, но сепак, 57-годишниот возач не може да оди, а тим од медицински сестри и терапевти го транспортираат низ вилата во инвалидска количка секој ден, како дел од грижата што трае 24 часа на ден.
Michael Schumacher is no longer bed bound and can be wheeled around his estateshttps://t.co/qDVAKa7UhK pic.twitter.com/kadyzKPwwu
— Mirror Sport (@MirrorSport) January 26, 2026
Семејството Шумахер, особено неговата сопруга Корин, долго време ги чуваа информациите за неговата состојба во тајност, а посетите им се дозволени само на мал круг луѓе.
Со години кружат разни шпекулации за неговото здравје, но семејството никогаш јавно не коментирало за ситуацијата.
Шумахер беше сериозно повреден во несреќа при скијање на француските Алпи. Падна во кома поради сериозни повреди на главата, а потоа беше итно префрлен во болница. Откако таму доби основна прва помош, беше однесен во семејната вила каде, далеку од очите на јавноста, беше лекуван со години без никој надвор од семејството и лекарите всушност да ја знае неговата точна состојба.
Откако се случи несреќата, Шумахер не е виден во јавноста, а се шпекулира дека можел да комуницира само со трепкање. Но, изворите тврдат дека не е така. Еден од нив рече: „Тој разбира некои од работите што се случуваат околу него, но веројатно не сите.“


