Мицкоски: Во понеделник стига помош од уште една пријателска земја на Македонија

Мицкоски образложи дека исто таква помош ќе пристигне од исто така од блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И навести тоа се надева дека ќе се случи во понеделник.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше на „Само интервју“ каде што посочи дека како претседател на најголема опозициона партија се обидува да помогне на медицинските лица во Република Македонија.

-Се обидуваме преку нашите контакти надвор од нашата држава  да се обидеме што е можно повеќе помош да донесеме- заклучи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во вторникот имал телефонски разговор со г. Јанша, премиерот на Словенија и претседател на сестринска партијаза да помогне на Македонија, да обезбеди помош.

-И тоа 100.000 маски, 100.000 медицински ракавици кои што се неопходни посебно на голораките медицински лица кои што се справуваат со пандемијата. Но тоа нема да застане тука тоа е само првата пратка и самите они го организирале превозот за да навистина го добие призвикот хуманитарен, добро е и тоа да се напомене дека тој превоз тој транспорт на оваа помош ја чини нашата држава нула денари. Тоа е само првата пратка ќе има и дополнителни за некоја недела- појасни Мицкоски.

Мицкоски образложи дека исто таква помош ќе пристигне од исто така од блиска и пријателска држава од претседател на партија која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. И навести тоа се надева дека ќе се случи во понеделник.

-Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев, тој нека танцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држават и втората  работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју јас сум сериозно загрижен од една едноствана причина и ценам дека нема доволно познавања- истакна Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување посочи дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се залудни.

-Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот да се справат граѓаните со пандемијата која се повеќе се шири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот