Мицкоски од Бутел: Овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел каде ги поздрави членовите и симпатизерите на партијата.

– Во Бутел победуваме. Народот е на нозе и огромното мнозинство се спротивставува на оваа деспотска власт. Ни треба милиметар повеќе за победа на деспотот, за победа на правдата и ставање крај на сите неправди. Губат, губат на анлетите губат кај народот, и многу брзо ќе се соочат со законот и сите неправди кои стојат зад нивната работа. А во Македоника ќе имаме триум на правдата за која се изборкл народот – посочи Мицкоски.

Тој пред граѓаните на Бутел истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е во значителна предност во однос на СДСМ и професорката Гордана Силјановска Давкова во однос на Стево Пендаровски.

– Очекувам дека на 5 мај во недела резулатати ќе бидат уште поубедливи. Но, за да дојдеме до таа убедлива победа потребен е уште еден дополнителен чекор бидејќи милиметри ни недостасуваат да триумфот биде комплетен, да ја отвориме вратата за предвремени парламентарни избори, да победиме на тие предремени парламентарни избори, а потоа да ги засукаме ракавите и да работиме и да си ја кренеме татковината од пепел и даја вратиме онаму кадешто и е местото – потенцираше претседателот Мицкоски.

Претседателот Мицкоски од Бутел рече дека ќе биде тешко за претседателските избори бидејќи изминатиот период граѓаните беа изложени на закани, уцени, злоупотреби.

– Но, мора да издржиме , мора да стегнеме заби бидејќи деспотот е на колена, овие политички измамници ги чекорат последните чекори во нивната политичка кариера – порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот