Мицкоски: Илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со членови на неговиот кабинет и со кандидатите за министри и заменици министри предложени од неговата партија во техничката влада за спроведување на предвремените парламентарни избори.

Мицкоски на својот фејсбук профил објави видео од средбата.

„Ветив работа и жилава посветеност која мора да донесе реални резултати затоа што народот не смее да биде разочаран, а илјадници судбини чекаат подобри времиња и промени, заедно да работиме за Македонија која се обновува. Тоа е голема одговорност која ја прифаќам. За добар почеток на годината, на состанок со мојот кабинет и луѓето кои ќе имаат одговорна задача во техничката влада да ја заштитат народната волја. Новата година носи надеж, шанса и промени кои ќе донесат обнова. Нека е среќна и бериќетна“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук профилот. м

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот