Мици: Во Луксембург да ја анулираме негативата!

facebook.com/fcshkendija/

Македонскиот шампион Шкендија се подготвува за реваншот од 2. квалификациско коло на Лига Европа против Дуделанж, пресметката е закажана за во вторник од 17.55 часот.

Тетовските „црвено-црни“ во Скопје загубија со 2:1 и утре ќе мора да постигнат два гола за да ги одржуваат шансите за пласман во следното коло каде што најверојатно ќе биде Номе Калју.

– Ќе се обидеме во Луксембург да ја анулираме негативата од првиот меч и се квалификуваме за третото коло на Лига Европа. Имаме доволно време да се аклиматизираме, веруваме дека можеме да се надминеме себеси. Сигурен сум дека секој играч кој ќе биде на теренот ќе го даде најдоброто и ги реализира сите задачи од стручниот штаб – вели еден од одбранбените играчи на , Гледи Мици.

Свесни дека и на реваншот ќе ја имаат повеќе топката, повеќе доминантни, а тоа го призна и тренерот на Дуделанж кој очекува уште потежок меч за неговите фудбалери.

Ќатип Османи не е задоволен од аспект на реализацијата која мора да се подобри, но не е прашање само нападот, туку и самата комуникација во средниот ред, одбраната која треба да биде на високо ниво, а на „тапет“ се и голманите Захов и Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот