Мицкоски, Селa и Касами, поканети, но нема да одат на прославата на 20-годишнината на ДУИ

Али Ахмети, лидер на ДУИ, Фото: Слободен печат

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги покани сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен Левица, да ја одбележат 20-годишнината од формирањето на партијата.

Од ДУИ за „Слободен печат“ велат дека на настанот биле поканети и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса, Билал Касами.

Од Алијансата за Албанците за „Слободен печат“ потврдуваат дека добиле покана од ДУИ за 20-годишнината. Но, според партиски извори, лидерот Села нема да учествува на манифестацијата.

Од Движењето Беса во изјава за „Слободен печат“ велат дека Билал Касами се уште нема добиено покана за манифестацијата на 20-годишнината на ДУИ. Но како што брифират од оваа партија и да ја добие, ќе ја одбие со неучество.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека лидерот Мицкоски добил покана, но нема да оди на прославата на ДУИ.

Претседателот Мицкоски ја доби поканата од ДУИ, но нема да учествува на прославата. Сметаме дека не е време за славење, во време кога се сочуваме со кризи, изјави за „Слободен печат“, Димче Арсовски – потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Друга причина за неучество на Мицкоски на прославата на ДУИ, како што наведуват од ВМРО-ДПМНЕ, е лошто и корумпирано владење на ДУИ и СДСМ.

Покрај лидерите на политичките партии во земјава, дознаваме дека на 20-годишнината на ДУИ се поканети и политички лидери од Албанија, Косово и Црна Гора.

20-годишнината ДУИ ќе ја одбележи со две големи манифестации во Скопје на плоштадот „Скендербег“ и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 3 и 4 јуни, каде ќе настапат естрадни уметници од Косово и Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот