Мицкоски: Ќе ја поддржиме кандидатурата на Данела Арсовска за иден градоначалник на Скопје

Даниела Арсовска. / Фото: Архива на Слободен печат

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред седиштето на партијата.

Тој посочи дека Град Скопје доживува стагнација и не се развива, посочи на проблемите на скопјани, на капиталните проекти кои, како што рече, не се реализирани. Според  него, на Скопје му е потребен способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните и ќе гарантира негов развој. Потенцира дека Арсовска има импозантна биографија, признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.

-Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите, сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје, нагласи Мицкоски. Тој е убеден дека Арсовска ќе победи на претстојните локални избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека Арсовска доставила програма, визија и стратегија до ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека разговарале за иднината на Скопје во следните четири години. Потенцира дека партијата донела едногласна одлука да ја поддржи Арсовска. Мицкоски додаде дека тие не ја кандидирале Арсовска, туку скопјани со собрани потписи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои во текот на утрешнииот ден ќе бидат соопштени на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот