Мицкоски го повикува Ковачевски на лидерска средба да разговараат за изборниот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повикува премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски да свика лидерска средба, на која, како што вели, ќе се разговара за изборниот процес, пишува „Фокус“.

-За жал, мора да признаам, ние сме на помалку од шест месеци од избори, но ова што денес се случува, никогаш не се случувало. Ниту имаме дијалог со Владата, ниту се разговара за датум, ниту за завршна верзија на Изборниот законик, а многу се јасни препораките на ОДИХР дека шест месеци пред изборите треба да биде затворен Изборниот законик. Ниту, пак, се упатува покана за набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, вели Мицкоски.

Тој ја повикува на одговорност Владата, бидејќи, како што посочува, „не се само влада за едно прашање, туку има и други важни прашања, за кои мора да разговараме, не може од страна да ги гледаме процесите“.

-Димитар Ковачевски како премиер мора да свика состанок со лидерот на опозицијата, подготвен сум во кое било време да разговараме за дата за претседателски избори, за парламентарни избори, што ќе се склучи со Изборниот законик. Знаете, има помали политички партии што бараат една изборна единица, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот