Миа Костова за 24 часа собра 18.000 евра за лекување на момче од Скопје

Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Познатата некогашна водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот. Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност за секојдневни теми, од јавниот како и од приватниот живот ги доби симпатиите на бројни корисници на социјалните мрежи.

Секогаш подготвена да помогне онаму каде што е најпотребно, овојпат Костова за само 24 часа успеа да собере 18.000 евра кои ќе бидат наменети за лекување на момче кое е ученик во 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо! Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра. Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека постојат луѓе на светов и сум и неизмерно благодарна!“ – сподели Миа на социјалните мрежи.

Набрзо по нејзината објавата и собраните 14.000 евра, Костова сподели дека добила уште една анонимна донација од 3000 евра, а притоа донациите од малите бизниси сè уште се активни при што досега сумата на собрани средства е околу 18.000 илјади евра.

Се додека се истакнати донациите од малите бизниси сите заинтересираните може да ги резервираат саканите производи или услуги и да извршат уплата бидејќи болничките трошоци се непредвидливи иако сумата која е неопходна за лекување е собрана. Костова неколкупати им се заблагодари на своите следбеници и фанови и на сите оние кои донираа.

ВИДЕО | Празнична магија: Миа Костова ја накити елката со златни украси

ВИДЕО | „Ништо не ме правеше среќна“: Миа Костова искрена за борбата со анксиозноста и депресијата

ВИДЕО+ФОТО | Среќен роденден Миа Костова: Очи полни солзи радосници и божествена торта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот