Миа Калифа е бесна: Моите 100.000 долари не пристигнаа во Бејрут и два месеци по експлозијата! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Поранешната порно-ѕвезда Миа Калифа (27) дониршае 100.000 долари во црвениот крст во Бејрут, за да помогне на жртвите по страшната експлозија која се случи пред два месеци.

Да потсетиме, во експлозијата во главниот град на Либан која се случи на 4-ти август, загинаа околк 180 луѓе, додека 6.000 беа повредени.

Миа со својот допринос сакала да помогне на жртвите, бидејќи околку 300.000 жители останаа без своите домови, а тоа околу 10 отсто од градот Бејрут.

Досега уште не се знае што го предизвикал пожарот кој запали скоро 3.000 тони амониум нитрат.

Инаку Миа е родена на 10 фебруари 1993 година токму во Бејрут, од каде се отселила во 2001 година.

– Поминаа два месеци од експлозијата, а држвата не превзеде одговорност, немаше истрага и донациите не пристигнуваа во државата – започнала Миа во видеоснимката.

– Извинете што ми требаше толку време, но овие пари ќе дојдат до вас, без оглед на тоа ќе направат тие на мојата кредитна картичка. Продолжите да зборувате за Либан и продолжете да донирате. Делете ги ресурсите – изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот