Ме промени како човек: Адриен Броди за неговата улога во „Пијанист“

адриен броди
Фото: Принтскрин / Instagram

„Пијанист“ важи за еден од најемпатичните филмови на сите времиња и како таков влијаеше на животите на сите кои за прв пат ќе го погледнеа. Филмот од 2002 година е воена биографска драма која не пропуштила да ги допре и оние најблиски до „приказната“ – актерот Адриен Броди кој доби Оскар за главната улога токму во овој филм, вели дека тоа е филм кој целосно го променил како личност.

Броди седна пред камерата на „GQ“ и во тематско монолог-интервју зборуваше за најиконичните улоги кои се дел од неговата кариера. Како насловна беше главната улога во филмот „Пијанист“, која освен Оскар му донесе и многу животни лекции кои ќе ги понесе цел свој живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NveedManzar (@nveedmanzar)

Приказната за преживувањето на Евреите во уништениот град Варшава за време на Втората Светска Војна Броди длабоко ја пренесува преку ликот на пијанистот Владислав Шпилман, за која ќе каже дека е карактер на нормална личност, која не е ништо особено херојска, но е толку суштинска.

„Тоа беше среќа, каде подготовката се сретнува со можноста, знаете? Каде јас копнеев да најдам лик со таква длабочина и филмаџија со такво внатрешно видување. И тој не западна во замката во која многу филмаџии паѓаат“, раскажува Броди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by filmicabı (@film.icabi)

„Одговорноста која ја чуствував играјќи ја оваа улога, и процесот, и, знаете, толку длабока, толку суштинска, што никогаш не ме напушти. На страна од очигледните предности за кариерата, и пофалбите, улогата ми го промени животот како човек, како млад човек, навистина чувствувам како тој филм направи многу да разберам, направи да сфатам колку работи ги зимам „здраво за готово““, продолжиува актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrien Brody (@adrienbrody)

„Пијанистот“ е базиран на автобиографска книга која го носи истиот наслов, напишана во 1946 година од полско-еврејскиот пијанист и композитор, Владислав Шпилман, која го раскажува неговиот живот за време на Втората Светска Војна во Полска окупирана од Наци сили. Филмот го режираше Роман Полански, а освен Оскарот за главна машка улога се скраси и со Оскар за најдобро сценарио и за најдобар режисер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Söylenti Dergi (@soylentidergi)

Броди раскажува и за патешествието на доведување на телото до телесна тежина на изгледнет евреин, за која требало да изгуби многу голема количина на тежина, што за него било технички процес дошол до осознавање на празнината која ја чувствува прегладнет човек кога нема да внесе доволно нутрициски вредности.

„Таа физичка метаморфоза има влијание и на твојата самодоверба и на нивото на енергија, и на твојата волја, и на твојата сила, и јас сфатив дека јас никогаш навистина не сум бил гладен. И се уште ми го крши срцето колку многу луѓе се гладни во светот, и многу луѓе не го разбираат тоа.“

За да навистина навлезе и целосно ја разбере улогата која треба да ја игра Броди се преселил во магацин, се отселил од својот стан, го продал својот автомобил и исклучил својот телефон, и во сето тоа губење на чувство на сигурност ја пренел мислата од гладта кон неговата нова пасија – музиката. И научил да го свири Шопен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Movies For Pocket (@moviesforpocket)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот