Методи Хаџи Јанев стана командант за обука и доктрина

Бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев денеска ја презеде должноста командант на Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна од досегашниот командант полковник Љубенчо Петровски.

Хаџи Јанев од мај минатата година беше на должноста командант на Полкот за специјални операции, а го презема командувањето при КОД со указ од претседателот од 10 месецов.

<Тој на свеченоста во Војничкиот клуб  истакна дека му претставува огромна чест и задоволство да застане на чело на КОД која е една од клучните структури на воената формација која треба да биде таа која што ја испорачува командата на операции на армијата.

-Согласно со тоа и мојата визија со  раководењето на оваа единица ќе се насочи кон три насоки:  да го задржиме сето она што е досега постигнато,  да дадеме придонес во подготвување на процесот на трансформација и како треба да се развива  Командата за обука и доктрини  и да посветам иновативност во деловите каде што недостасува – рече новиот командант на КОД.

Воедно, најави, ќе ја зголемиме будноста и ќе дадеме повеќе работа во Центарот за обука со питомци.В о делот на иновативноста на Центарот за симулации, ќе се обидеме да се поврземе со Неапол програмата наука за мир и ќе донесуваме паметни одлуки за да успееме да ги искористиме тие фондови, тоа што НАТО вистински го нуди, а не само членство, потенцираше бригадниот  генерал Методи Хаџи Јанев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот