МЕТЕО на УБ: Временската прогноза вели многу студено, ветровито и влажно

Снег/ Фото: ЕПА

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Претпладнево особено во јужните предели ќе има услови за локално провејување на слаб снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Услови за повремени слаби локални врнежи од снег ќе има за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот