Мет Гала во септември: Само вакцинирани можат да присуствуваат на настанот со заштитни маски на нивните лица

Мет Гала
Фото: Instagram

Официјално е потврдено дека најпрестижното модно случување, Мет Гала церемонијата, конечно ќе се одржи оваа есен, но со некои мали промени. Секој што доаѓа мора да биде вакциниран и мора да носи заштитна маска во затворените простории.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @love_fashion1225

„Сите учесници во Мет Гала мора да достават доказ за вакцинација на 13 септември, а исто така ќе се очекува да носат маски во затворените простории, освен за време на коктелот каде ќе се конзумира храна и пијалаци. Секако ќе ги ажурираме овие упатства по потреба“, изјавиле од тимот на Мет Гала за „Daily Beast“.


Одлуката била донесена откако по објавите дека на ревиите на модната недела во Њујорк во септември, сите присутни мора да се вакцинираат, а одлуката за носењето заштитни маски сè уште не е финална.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @love_fashion1225


За потсетување, минатогодишната церемонија на Мет Гала беше откажана поради ограничувања поврзани со коронавирусот. Иако минатата година настанот се одржа првиот понеделник во мај, сега настанот е преместен за септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот