Меси се врати во Барселона да потпише нов договор

Лионел Меси (Барса) и Серхио Рамос (Реал Мадрид) беа лути ривали, а сега се соиграчи во редовите на ПСЖ/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси пристигна во Барселона со цел да потпише нов договор со својот клуб.

Неговиот договор со Барса истече на последниот ден од јуни, но потоа тој беше на „Копа Америка“ каде што со Аргентина ја освои титулата, а потоа замина на одмор.

Меси се согласи на намалување на платата од 50 проценти за да остане во клубот во следните пет години.

Барселона наиде на финансиски проблеми за време на пандемијата на коронавирусот и беше принудена драстично да го намали буџетот за плати.

Претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта неодамна на промоцијата на Мемфис Депај рече дека желбата на клубот отсекогаш била да ја продолжи соработката со Аргентинецот.

– Она што сите ние отсекогаш го посакувавме е Меси да остане во Барселона. Да бидеме со нас долго време и да играме со талентирани играчи како Депај. Презадоволни сме од тоа како двете страни ги водеа овие преговори – рече Лапорта за клупската веб страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот