Меси: Мбапе е ѕвер

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси има само пофални зборови за неговиот соиграч во ПСЖ, Килијан Мбапе и неговите игри на теренот.

Францускиот тим одлично ја започна сезоната, има две победи во Лигата на шампионите, а во Лига 1 е лидер на табелата со 22 бода од осум натпревари, а Мбапе има постигнато 10 голови.

– Мбапе е ѕвер, многу е силен на еден на еден, брз е и е издржлив. Може да постигне многу голови, Килијан е комплетен фудбалер и тоа го покажува неколку години. Воопшто не се сомневам дека во наредните неколку години ќе биде меѓу најдобрите фудбалери на светот – изјави Меси во интервју за мексикански медиуми.

Аргентинецот истакна дека има одлични односи на и надвор од терените со Бразилецот Нејмар со кого играа и во Барселона и сега се соиграчи во ПСЖ.

– Се познаваме одлично, поминавме заедно убав период во Барселона, можеби можевме да поминеме подолго време заедно, но животот повторно не спои во ПСЖ. Воодушевен сум што можам да играм повторно со него, но и заедно да го поминуваме слободното време – додава Меси кој откри дека главната цел на францускиот тим е титулата во ЛШ.

– Главната цел на ПСЖ е иста како и минатите две години, сакаме да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите. Минатата сезона бевме елиминирани од Реал Мадрид и тоа беше тежок момент за мене бидејќи одигравме два добри натпревари и детали одлучуваа. Оваа сезона е посебна поради Светското првенство, но тоа не би требало да влијае на нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот