Меркур во Девица од 4 до 26 август: Промена на енергетските текови

The Chessplayer - Lucas van Leyden (1508)

Меркур од фиксниот знак Лав денеска влегува во променливиот знак на Девица. На четврти август во 10:58 часот Меркур влезе во знакот Девица, во својата втора куќа каде што е егзалтиран и каде ќе остане до 26 август, а оваа промена на знакот ги менува енергетските текови на идеи, разговори, преговори и комуникација во најширока смисла.

На Меркур нема да му биде лесно да се трансформира од грандиозен и бучен во практичен, скромен и склон кон анализирање се до најмали детали. Но, како што интелигенцијата е способност за справување со новите околности, така и Меркур, планетата на интелигенцијата, разумот и логиката, наскоро ќе дојде на свое. И ние заедно со него.

По влегувањето во знакот Девица ќе имаме размена на идеи и пријатни разговори. Уран ќе биде во Бик (16 август) Плутон во Јарец (22 август). Меркур ќе се прилагоди мудро (во аспект на инконјукција) на ретроградниот Сатурн во Водолија и ретроградниот Јупитер во Овен, и ќе се најде во напната, збунета, опозициска енергија со исто така ретроградниот Нептун во Риби (21 август).

Кога Меркур и Уран се во стимулативна енергија на тригон тогаш можат да ни донесат Еурека! Затоа бидете „будни“ во деновите околу 16 август, отворете го умот, бидете подготвени за чуда и оставете ги да се случат.

Меркур во опозиција со Нептун во знакот Риби во деновите околу 21 август ни носи предизвици во сферата на размислувањето, логиката, интуицијата, вистината, лагите, манипулацијата и измамите. Бидејќи Меркур и Нептун се со тотално спротивна симболика, Меркур го претставува нашиот логичен ум, а Нептун интуицијата и апстрактот, ќе биде неопходно да се комбинираат логиката и интуицијата. Бидејќи и двете планети се многу силни, можеби е паметно да не ѝ верувате ниту на логиката ниту на интуицијата, туку да се обидете да ја разбудите креативноста во себе, да создавате, сликате, танцувате и медитирате. И, се разбира, не верувајте никому!

А енергијата на тригонот помеѓу Меркур со длабоко скриената, трансформирачка и регенерирачка планета Плутон во знакот Јарец веќе ден потоа ни носи смиреност по хаотичните денови кои беа резултат на спротивставеноста на Меркур и Нептун. Покрај смиреноста, Меркур и Плутон ќе ни дадат и способност да имаме длабоки сознанија бидејќи со допирање во најскриените делови на умот, сакале или не, ќе ни се разјаснат многу работи. Овој транзит може да ни помогне да сфатиме некои досега скриени работи од минатото на приватно ниво.

За некои, овој транзит носи и многу размислување и интимни разговори… Како и да е, поради јасноста на перцепцијата, заедно со длабокото внатрешно чувство и способноста за јасно дефинирање од 22 август ние сме поддржани да ги доведеме во ред хаотичните сегменти од животот!

Затоа, искористете ги овие денови кои ни носат одлична комуникација, добра организација и приспособливост, за да воведете ред во себе или во оние области од животот за кои сметате дека се нарушени. Затоа што ќе можете да ги видите сите мали нешта и со интуитивно водство ќе препознаете точно кои чекори да ги преземете. Деновите околу 22 август се погодни и за подобрување на меѓусебните односи. Секако, вниманието и љубезноста се првиот чекор во таа насока.

Со влегувањето на Меркур во знакот Девица доаѓа и времето на враќање од годишните одмори и секако работа, ред и дисциплина. Затоа до 26 август, додека Меркур е во Девица, искористете ги уникатните можности и интелектуалната стимулација што ги „нуди“ овој период. Направете анализа и детален план за идните потфати и предвидете ги предизвиците кои претстојат. Бидејќи, како што можете да замислите, влегуваме во бурна есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот