МЕРКЕЛ ДО ЕРДОГАН: Веднаш да запрете со воената операција во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во телефонски разговор со турскиот претседател Таип Ердоган побарала „воената операција во Сирија веднаш да биде запрена“, изјави портпаролката на германската влада.

И покрај легитимните безбедносни интереси, операцијата може да придонесе за раселување на голем број локални жители, дестабилизирање на регионот и заживување на екстремистичката група Исламска држава (ИС), додаде портпаролката.

Западот ја осудува турската офанзива.

Турција започна воена офанзива во средата, насочувајќи се, според Анкара, против џихадистите и курдските милиции. Западот во голема мерка ја осуди офанзивата.

Анкара ја обвинува курдската милиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија (ПКК), која ја смета за терористичка организација.

Според ООН, околу 130.000 луѓе веќе се раселени во северо-источна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот