Мерилин Монро и Лоренс Оливије не се поднесувале: Никогаш не му простила што ѝ рекол да биде секси (ФОТО)

Англискиот актер Лоренс Оливије целиот свој живот важеше за „шмекер“ на светската театарска и филмска сцена.

Profimedia

Веќе кон крајот на 20-те години на минатиот век, започна да ниже професионални успеси. Главно избираше сериозни, често трагични ликови. Неговите театарски улоги Ричард Трети, Едип, Отело, Шајлок во „Венецијански трговец“ и многу други, на извесен начин поставија глумачки стандард во Британија, кој многумина се обидоа да го достигнат.

YouTube/Printscreen

Во филмот се прослави со улогите на ликовите во овие остварувања: „Оркански височини“, „Ребека“, „Мачка на жежок лимен покрив“, „Кралот Лир“, како и во трилогијата на шекспировите филмови „Хенри Петти“, „Хамлет„ и „Ричард Трети“.

Profimedia

Меѓутоа, на снимањето на филмот „Принцот и танчерката“, кој самиот тој го режираше и ја играше главната улога, често се расправал со Мерилин Монро. Иако добро ја започнале соработката, до крајот на ова снимање Оливије и Монро се презирале. Поедини извори тврдат дека тие „вистински се мразеле“.

Всушност, Монро секогаш доцнела на снимањата, се однесувала неодговорно и никогаш не изустувала ниту една реченица пред да се консултира со својот тренер за глума.

Оливије дури во еден момент ѝ рекол: „Обиди се да бидеш секси“, а таа никогаш не му го простила тоа.

Покрај сето ова, филмот подоцна добил позитивни критики и финансиски солидно поминал.

Две години подоцна, сличен проблем со Монро имал и Тони Кертис на снимањето на филмот „Некои тоа го сакаат тоа жешко“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот