„МЕНСТРУАЦИЈАТА НЕ Е ЛУКСУЗ“: Германија го намалува ДДВ за тампони и влошки

Германскиот парламент донесе одлука за намалување на ДДВ на женските хигиенски производи, како што се тампони и влошки, откако петицијата за намалување на данокот на овие предмети ја потпишаа над 81.000 лице.

„По собраните 81.000 потписи, исцрпната расправа во Бундестагот и сесрдната поддршка од министерот за финансии Олаф Шулц, сега е и официјално: од 2020 година тампоните, влошките и останатите производи за женска хигиена ќе се третираат како производи за основна потреба и ќе се оданочуваат со седум наместо 19 отсто”, соопшти списанието за млади Неон и берлинската фирма Ајнфорн, кои ја покренаа петицијата.

Оваа петиција беше поддржана од многу познати имиња од германската јавност, посочувајќи дека не станува збор за финансиите, туку и за праведноста меѓу половите.

„Горди сме на постигнатото. Менструацијата не е луксуз и поради тоа овие производи не смеат да се оданочуваат по повисоката стапка на ДДВ”, се наведува во денешното соопштение од Неон и Ајнхорн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот