Менаџерот на Арсенал, Артета: Би сакал да соработувам со Венгер

Легендарниот менаџер Арсен Венгер со Арсенал трипати ја освои Премиер лигата/фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета вели дека би сакал да соработува со легендарниот Арсен Венгер, а со францускиот стручњак разговарал за враќање во Лондон.

Венгер на клупата на Арсенал седеше 22 години и за тоа време освои три премиерлигашки титули и седум трофеи во ФА Купот.

„Би биле воодушевени доколку би бил со нас. Мислам дека и за него би било прекрасно, поради средината што ја создава околу себе. Сите го почитуваат, му се восхитуваат, го сакаат, поради сè што направи за овој клуб и затоа што се претставува себеси како личност – рече Артета.

Запрашан дали официјална понуда му била претставена на 72-годишниот стручњак, шпанскиот селектор изјави дека имало дискусија на таа тема.

– Разговаравме, се надевам дека ќе ни биде поблиску. Би сакал да работам со него, бидејќи мислам дека тоа би било многу корисно – се зборовите на Артета.

Арсенал моментно е петтопласиран во Премиер лигата со девет бода помалку од водечкиот Челси. Следниот натпревар е против Њукасл во сабота од 13.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот