Мелбурн достигна рекордно ниво на заразени и покрај двомесечното заклучување

Жена со маска / Фото: Архива
Жена со маска / Фото: Архива

Во Мелбурн бројот на заразени денеска достигна рекордно ниво, а лекарите ова го припишуваат на илегални домашни собири за гледање спортски настани за време на скоро двомесечното заклучување.

Властите во Викторија, каде што се наоѓа Мелбурн, проценуваат дека речиси една третина од новите инфекции, од вкупно 1.438, може да бидат поврзани со домашни собири минатиот викенд, на кои се гледало големото финале на австралискиот фудбал.

– Многу од овие случаи можеа целосно да се избегнат … Не се обидувам да обвинам никого, само се обидувам да објаснам, бидејќи многу луѓе ќе се прашуваат како можеше да се случи тоа толку брзо, рече премиерот Даниел Ендрјус на прес – конференција.

Половина од населението во државата над 16 – годишна возраст ја доби првата доза, што е под националниот просек од 53 проценти, бидејќивластите ги преполовија интервалите помеѓу примањето на вакцината Фајзер во државните центри за вакцинација на три недели по зголемувањето на залихите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот