Меланија Трамп во нов скандал по тајните снимки, порно ѕвездата Сторми Даниелс ѝ порача: Подобро к**ва отколку тоа што си ти

Profimedia/Epa

Порно ѕвездата Строми Даниелс ја нападна Меланија Трамп откако се појавија тајните снимки во кои првата дама ја нарекува Сторми „порно ку..а“, пренесува Дејли мејл.

Додека ја напаѓаше Меланија, Сторми на Твитер негираше дека ја плаќаат за секс.

Строми Даниелс/EPA/PAUL BUCK

Иако не бев плаќана за секс и затоа технички не бев ку.ва, подобро ќе бидам и тоа, отколку да бидам ова што си ти секој ден. Си ја продаде својата п…. и душата. Продолжи да зборуваш за мене. А и ми се допаѓаат твоите нови гради. Ќе објавиш (уште) голотија?“, напиша Строми.

Profimedia/Epa

Причината за ваквата остра објава на Сторми е што поранешната пријателка и помошничка на Меланија, Стефани Винстон Волкоф објави снимки на кои првата дама на САД зборува за фотосесијата за магазинот „Вог“ во која учествувала Сторми Даниелс, а ја фотографирала Ени Лебовиц.

Стефани Винстон Волкоф/Profimedia

Еве дел од разговорот што го објави Стефани Винстон Волкоф.

– Ако гуглаш, оди на Гугл и прочитај дека Ени Лебовиц фотографирала порно ку.ва, тоа ќе биде во едно од изданијата на магазинот, во септември или во октомври – се слуша гласот на Меланија на снимката.

– Како мислиш фотографирала порно ку.ва? – се чуди Волкоф.

– Строми – ѝ одговара Меланија.

– За што точно ја фотографирала? – сѐ уште е шокирана Волкоф.

– Не го прочита тоа? Вчера излезе. За „Вог“ – ѝ објаснува Меланија.

Сторми Даниелс фотографирана за Вог во октомври 2018 година од страна на Ени Лебовиц/ Фото: Принскрин / Vogue

 

Инаку, Сторми Даниелс тврди дека имала сексуална врска со Доналд Трамп во 2006 годоина, во времето кога Меланија го родила нивниот син. Трамп ја негира аферата.

Доналд и Меланија Трамп со нивниот син Барон, 16 јануари 2007/Profimedia

Објавени тајни снимки од Меланија (ВИДЕО)

 

Меланија ја нарече Белата куќа циркус, а Иванка Трамп – змија: Биографијата на Волкоф очекувано крена прашина (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот