Објавени тајни снимки од Меланија (ВИДЕО)

Profimedia
Profimedia

Првата дама на САД, Меланија Трамп била тајно снимана летото 2018 година, во екот на критиките на сметка на Доналд Трамп заради одвојување на фамилиите кои нелегално влегле во САД.

„Велат дека сум соучесник. Дека иста сум како него, го поддржувам. Не зборувам доволно, не работам доволно таму каде што сум“, се слуша на снимката која тајно ја снимила Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на првата дама, која за нивниот однос ја напиша книгата  „Меланија и јас“ која крена огромна прашина во јавноста, пренесува Си-Ен-Ен.

Снимките ексклузивно ги објавиле синоќа во емисија на Си-Ен-Ен. На нив се слуша и како Меланија зборува за божиќните декорации.

„Цело време работам на уредување за Божиќ, на кого му е гајле за тоа и декорациите, но морам да го правам тоа, зарем не? А кога работам на декорациите и планирање за Божиќ велат, а што е со децата на границите кои се одвоени од семејствата. Па дајте ми одмор. Каде беа тоа да го кажат кога Обама го правеше баш истото? Се обидов повторно да спојам едно дете со мајката. Немав шанси. Треба да се помине низ многу комплицирани процеси и закони“, се слуша Меланија како зборува на снимката.

Како што се наведува, изгледа дека политиката на госпоѓата Трамп е различна од нејзиниот маж и додава дека за времето на Барак Обама, одвојување на децата од родителите се случувало „само кога властите биле загрижени дали тие можат да се грижат за децата“.

Шефот на персоналот на кабинетот на Меланија, Стефани Гришам го осуди тајното снимање на Меланија.

Личноста која ги објави овие снимки, Стефани Винстон Волкоф, поранешната пријателка и советничка на првата дама во книгата „Меланија и јас“ ги опиша приватните разговори со Меланија, од ладните односи со пасторката Иванка до нејзиниот брак, ставови за граничната полиција, Мишел Обама, до контроверзната јакна која Меланија ја носеше во 2018 година, на која пишуваше „Мене не Ми е гајле. Тебе?“.

Меланија ја нарече Белата куќа циркус, а Иванка Трамп – змија: Биографијата на Волкоф очекувано крена прашина (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот