МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ВОЛОНТЕРИТЕ: 53 нови американски волонтери во Македонија

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Волонтерскиот центар Скопје (ВЦС) и Американско катче Скопје (American corner Skopje), со поддршка на Коалицијата на младински организации „СЕГА” и останати организации, како и на Општина Кисела Вода организираат низа активности кои имаат за цел да го промовираат волонтерството, како и да придонесат за подобра и поздрава животна средина.

– Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември е одлична можност да се рашири духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место за живеење. Најпрво е предвидена акција за чистење на отпадот на повеќе локации во Скопје. Ќе бидат организирани четири групи, кои во 11 часот ќе започнат координирано да го „елиминираат“ ѓубрето, посочуваат организаторите.

Појдовните точки се: Канцеларијата на ВЦС на улица „Емил Зола” број 3-3/1 во Кисела Вода, канцеларијата на “American corner” (во катните гаражи кај зградата на МРТВ), хотелот „Пелагонија” до средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен” и градинката и Здравствениот дом во Шуто Оризари.

Предвидено е акцијата да трае до 14 часот. Целта е да се исчисти отпадот и да се подигне свеста кај граѓаните, односно не само да се крева ѓубрето, туку и да не се фрла на места што не се соодветни. За највредните учесници на настанот се предвидени симболични награди.

Активностите на Меѓународниот ден на волонтерите продолжуваат во 17 часот со панел-дискусија за волонтирањето што ќе се одржи во просториите на “American corner” на која ќе говорат преставници од ВЦС, Национален младински совет на Македонија и Младински совет на амбасадата на САД во Скопје.

53 американски волонтери на Мировниот корпус, денеска во Скопје, ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Македонија.

Предвидена е и караоке – забава во 21 часот, во кафе-барот „Беертија”, најавуваат организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот