Меган Маркл не е омилена меѓу Британците: Ме предупредуваа на ова, ама не го сфаќав сериозно

Profimedia
Profimedia

Новата анкета што ја спроведе магазинот „Татлер“ откри дека 45 проценти од Британците сметаат дека Меган Маркл не е добра за кралското семејство.

Магазинот анкетата ја спровел на повеќе од 2.000 Британци, а 39% од испитаниците сметаат дека Меган Маркл е лицемерна во врска со нејзиното залагање за климатските промени, додека 23% мислат дека Меган и принцот Хари би требало да се отселат во Лос Анџелес.

Од друга страна 40% од анкетираните мислат дека медиумите немаат фер однос кон Меган, а 27% веруваат дека причина за злонамерното известување за неа е расизмот.

„Моите пријатели ме предупредија на англискиот печат пред да се омажам за Хари. Јас за тоа ништо не знаев, затоа веројатно ми е тешко да сфатам сè што се случува. Искрено, не мислев дека сè ќе биде лесно, ама вакви тешкотии не очекував. Се борам ден за ден“, рече Меган во документарецот „Хари и Меган: Патување во Африка“.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот