„Меган ќе остане дома“: Принцот Хари ќе присуствува сам на откривањето на статуата на неговата покојна мајка

epa-efe

Првиот ден од јули носи прилично важен настан за британското кралско семејство. Имено, како што е најавено, по повод роденденот на покојната принцеза Дијана, ќе биде поставена статуа на нејзиното омилено место во градината на палатата Кенсингтон, а со тоа и нова можност за семеен собир. И додека принцот Хари се претпоставува дека ќе присуствува на настанот, неговата сопруга Меган Маркл веројатно и овојпат ќе го „скокне“ патувањето во Лондон.

Принцезата Дајана ќе го прославеше својот 60-ти роденден на 1 јули. Во чест на покојната принцеза, британското кралско семејство ќе го одбележи првиот ден од јули со поставување статуа во една од трите градини на палатата Кенсингтон, градината која беше нејзиното омилено место.

Profimedia
Фото: Profimedia

Овој настан ќе го собере британското кралско семејство, но и ќе ги обедини браќата, принцовите Хари и Вилијам, кои е предвидено заедно да ја откријат статуата.

Сепак, принцот Хари и овојпат нема да биде во придружба на неговата сопруга Меган Маркл. Иако неодамна „Radar Online“ пишуваше дека Меган планира да патува во Лондон за да му биде поддршка на својот сопруг, тоа тврдење веројатно не е вистинито, а извор близок до Хари и Меган за „Daily Mail“ изјави: „Меган не планира патување. Таа се породи неодамна и овојпат Хари ќе патува сам“.

Лизи Робинсон, „ITV“ продуцент задолжен за кралското семејство на „Твитер“ објави: „Меган нема да патува во Велика Британија за да му се придружи на Хари на откривањето на статуата на неговата покојна мајка принцезата Дијана на 1 јули. Ова го потврди близок извор откако американската веб-страница го тврди спротивното“.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE

Кралицата Елизабета Втора наводно, по тој повод го поканила Хари на ручек во замокот Виндзор, а дворјанинот Ричард Еден рече: „Ова е типичен гест на добродушност на нејзиното височество, а ручекот ќе биде добра можност да разговараат“.

Во тој случај, доколку се случи, ова ќе биде првпат Хари приватно да се сретне со својат баба, откако тој и Меган пред една година решија да се откажат од своите кралски должности и да заминат од британското кралско семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот