Меган и Хари ја одбележаа годишнината од веридбата со досега необјавена фотографија (ФОТО)

epa-efe
Фото EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Принцот Хари и Меган Маркл вчера прославија годишнина од нивната веридба.

Омилениот кралски пар на јавноста ѝ ја соопшти среќната вест од прекрасната градина „Sunken Garden“ пред Кенсингтонската палата, а се венчаа следниот април.

За да го одбележат овој важен датум во нивниот живот, на Инстаграм објавија галерија со три фотографии кои ги опфатиле најважните моменти од нивниот заеднички живот. Освен официјалните фотографии од веридбата и онаа со малиот Арчи – направена кога првпат ѝ го покажаа на јавноста, меѓу нив е и една досега невидена фотографија од нивната венчавка на која тие се многу спонтани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот