Фото: EPA-EFE/Teresa Suarez

Мбапе: Целта е да се освои светската титула, не разбирам зошто се зборува за полуфиналето

Капитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, инсистира дека единствената амбиција на неговиот тим на Светското првенство е да ја освои титулата, отфрлајќи ги сугестиите дека Французите ќе се задоволат само со пласман во полуфиналето.

– Целта е да се освои Светското првенство. Не разбирам зошто се зборува за полуфиналето. Ако целта е да се стигне таму, дали треба да застанеме и да си одиме дома? Не! Нашата цел е да победиме. Тоа е сонот на сите нас – рече Мбапе по победата од 3:1 во пријателскиот меч над Северна Ирска.

Во меѓувреме, напаѓачот на Реал Мадрид се најде под критики по неговиот последен натпревар, а медиумите му дадоа ниски оценки за серија грешки.

Сепак, францускиот селектор Дидие Дешан инсистираше дека не е загрижен за настапот на напаѓачот:

– Имаше многу обиди, кои беа неуспешни. Но, во секој случај, ми рече да ги зачувам своите голови за САД. Затоа нема да се грижам за тоа – кажа Дешан.

Хет-трик во победата на Франција против Северна Ирска оствари Мајкл Олисе кој деновиве се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот