Матурантка започна хуманитарна акција: Компјутер за сите оние кои немаат услови за онлајн настава

Матурантката Мила Јовановиќ од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје започна хуманитарна акција „Донирај компјутер“, преку која сака да им помогне на сите оние кои во текот оваа учебна година се соочиле со потешкотии при онлајн наставата. 

– Свесни сме дека онлајн наставата имаше огромен број на недостатоци, меѓу кои и недостатокот на ИТ опрема кај многу деца, особено оние кои не можат да си ја дозволат истата. Затоа целта на оваа акција е да собереме компјутерска техника која ќе биде донирана на дечиња кои немаат услови за следење на онлајн настава во следната учебна година – вели Јовановиќ, која во неделата го организираше првиот дел од хуманитарната акција.

Во градскиот парк, во неделата, под мотото „Матурантска хуманитарна акција“, повеќе луѓе донираа постари компјутери и техничка опрема која ќе ја користат учениците во текот на следната учебна година, а Јовановиќ упати и повик и до сите оние кои сакаат и натаму да донираат можат тоа да го направат на тој начин што ќе ја контактираат токму неа преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот