Матоши: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово

Денешната одлука на Владата на Косово „да ги отвори државните граници на Република Косово со Северна Македонија, Албанија и Србија” се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за МИА членот на косовската Влада, Халил Матоши.

Заменикот министер во Владата на Авдулах Хоти изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми” на дел од соопштението од денешната попладневна седница на Владиниот кабинет.

– Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.

Прочитајте и...  Предупредување за Западен Балкан: Најавен пороен дожд, град и можни торнада

Во соопштението по денешната владина седница беше наведено дека е донесена одлука „да се отворат државните граници на Република Косово” кон Северна Македонија, Албанија и Србија, што според дел од приштинските медиуми значеше дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во официјалното соопштение од седницата на кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваа тестовите или другите процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.

– Донесена е одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Северна Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.

Прочитајте и...  На Косово уапсен поранешен командант на ОВК, префрлен во притвор во Хаг

Вечерва и Владата во Приштина излезе со соопштение во кое појасни дека процедурите за влез на странски државјани во Косово остануваат непроменети.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат