Матијашевиќ го објави списокот одбојкари за настапот во Европската сребрена лига

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Проверени сили и повторно шанса за помладите одбојкари, со еден збор, селекторот Никола Матијашевиќ направи стандарден избор на кандидати за репрезентацијата за претстојниот настап во Европската сребрена лига на ЦЕВ.

Подготовките ќе почнат на 3 мај, понеделник, целосно ќе се одвиваат во Струмица, а на нив повикани се 20 играчи, покрај оние кои го носеа „црвено-жолтиот“ дрес на јануарските квалификации за Европското првенство 2021, во конкуренција сега ќе бидат уште шестмина.

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев

Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов, Стојче Арсов, Иван Андонов (коректор / блокер)

Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ

Блокери: Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски

Либери: Васе Михаилов, Дарко Ангеловски, Филип Николовски, Костадин Ричлиев

Резерви: Марко Јуниор Стошиќ и Давид Стојанов (техничари), Тино Шулајковски и Михајло Мирасчиев (блокери)

Македонските одбојкари се во групата „А“ со Данска, со Израел и со Кипар, а во групата „Б“ се првиот победник во натпреварувањето – Хрватска, која триумфираше на завршниот турнир во „Кале“ во Скопје во 2018, потоа Луксембург, Унгарија и Австрија.

Севкупно, откако ЦЕВ ја формираше Европската лига во 2014, нашата репрезентација учествуваше петпати едноподруго и освои три сребрени (2015, 2016 и 2017) и еден бронзен медал (2014). Во 2018 завршивме четврти, во 2019 не бевме дел од оваа конкуренција, а лани немаше натпревари поради пандемијата. Оттука, овој пат целта е да се освои првото злато во Европската (сребрена) лига, а тоа да биде вовед кон нов успешен резултат на континенталните самити.

Шансите за тоа се зголемени затоа што македонските одбојкари сигурно ќе играат на завршниот турнир за титулата со оглед дека ОФМ ја доби довербата за организација на полуфиналните и на средбите за медал, а исто така, кај нас ќе биде одржан и првиот турнир од групната фаза. Во периодот од 21-23 мај во салата „Парк“ ќе гостуваат Израелците, Кипарците и Данците, кои се домаќини на вториот турнир од 28-30 мај во Шлагелсе. Најдобрите четири селекции во натпреварувањето ќе се надмудруваат за медалите на турнирот во Струмица на 5 и 6 јуни.

УБАВА ВЕСТ: Македонија коорганизатор на машкото ЕП во одбојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот