Матија бил круна на љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак, која и претходно била бремена, но го изгубила бебето поради еден телефонски повик
Веста за ненадејната смрт на Матија Дедиќ, синот на Арсен Дедиќ и Габи Новак, ги потресе бројните колеги, пријатели и публиката што со години го следеше неговиот уникатен музички израз.
Препорачано
Матија бил круна на нивната љубов, го добиле во 1973 година и потоа се венчале.
Кога се запознале, И Арсен и Габи биле во брак, Габи со Стипица Калоѓера, а Арсен со Весна Матош, со која ја имал ќерката Сандра.
„Кога ја запознав, таа беше мажена. На почетокот бевме пријатели и колеги, а кога се разведе, не ми веруваше многу затоа што, како колешка, имаше слушано секакви работи за мене. Набрзо ги праќаше моите пријателки дома една по една. Во еден момент, двајцата сфативме дека не можеме да живееме еден без друг. Решивме да не правиме голема љубовна приказна од тоа, туку едноставно почнавме да живееме заедно“, зборуваше Арсен Дедиќ за почетоците на неговата љубов со Габи Новак, со која поминал 42 години во брак.
„Откако двајцата останавме сами и се разделивме од нашите претходни партнери, станавме љубовници, потоа родители на нашиот Матија, а еден месец по неговото раѓање, сопружници“, рече во една пригода покојниот Арсен Дедиќ.
Малкумина знаат дека пред раѓањето на Матеја, Габи била бремена, ама го изгубила бебето во драматични околности.
„Некој ѝ се јавил додека бев на пат и ѝ рекол дека сум загинал во сообраќајна несреќа. Тој шок ѝ предизвика спонтан абортус. Габи подоцна се согласи да се омажи за мене, но дури откако се роди нашиот син Матија“, се присеќаваше Арсен на тие тешки денови.

Арсен почина на 17 август 2015 година на 78-годишна возраст од сепса. По неговата смрт Габи откри дека ејзиниот сопруг секогаш ѝ велел дека ако нешто му се случи, таа мора да продолжи понатаму, најмногу заради нивниот син Матеја.
View this post on Instagram


