Масовно труење со алкохол во Иран

320 лица починале, а 1.066 се хоспитализирани, соопштуваат властите во Техеран.

Повеќе од 3.100 луѓе се затруле со алкохол во Иран, а досега починале 320 од нив, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Киануш Џаханпур.

Алкохолот во Иран е забранет, но во земјата се произведува метил алкохол. Во екот на епидемијата на коронавирусот во земјата се зголеми и бројот на труења со фалсификуван и со метил алкохол, кој се употребува „против” Ковид-19.

Од сите 3.117 луѓе со алкохолно труење, 1.066 се хоспитализирани.

Во моментов во Иран се регистрирани 44.600 случаи на заразени со коронавирусот. Оздравеле 14.565 луѓе, а 2.898 са починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот