Маски, пари и немање морал

Image: 513113390, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Natalia Golubnycha / Alamy / Alamy / Profimedia

Аферата со заштитни маски ќе ја чини ЦДУ веројатно многу скапо. Во корона-кризата го загубија најголемиот капитал – довербата

Кога е криза, луѓето сметаат на исправни одлуки на политиката. Во текот на изминатите месеци на пандемија на корона, луѓето ѝ веруваа на политиката. Рејтингот на владата на Ангела Меркел одамна не бил толку добар како во последно време. Кризите се времиња на висока конјунктурност на оние кои носат политички одлуки.

Но, сега би можела да заврши довербата и симпатиите за канцеларката и нејзиниот кабинет, кои многу долго беа многу добри.

Од пред неколку недели резултатите од истражувањата на јавното мислење покажуваат надолен тренд во врска со кризниот менаџмент на политиката. И тоа речиси и не е за чудење – проблеми со вакцините, проблеми со тестирањето, неисполнети ветувања, канцеларка која веќе не може да се наметне над моќните покраински премиери и е резигнирана, повторно растечки број на новозаразените со коронавирусот…

Бизниси со маски наместо морал

И, сега уште ова: парламентарци од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) во германскиот Бундестаг си ги полнеле џебовите, земале шестцифрени суми за т.н. „советнички хонорари“ во бизнисот со заштитни маски. Потоа дури и не сакале да ги ослободат местата во парламентот и партиите. Осомничените политичари Николас Лебел (ЦДУ) и Георг Нислајн (ЦСУ) на крајот попуштија само поради огромниот притисок од јавноста, по многу поминати денови отпор.

Можно е двата случаи да се само врв на ледениот брег на корупција. И можно е валкани бизниси „под рака“ во корона-бизнисот, кој тежи милијарди евра, да имаат и други, не само конзервативците. Наредните недели би требало да внесат јасност во сето тоа.

Лебел и Нислајн ѝ направија мечкина услуга на политиката. Ја искористија тежината на моментот за со своите контакти како пратеници да заработат пари. Тоа не само што е одвратно, туку ја уништува и довербата во политиката. Тоа ги засилува оние кои –  особено во корона-кризата – веќе велеа: Оние горе само си тераат валкани бизниси!

Деснопопулистичката АфД и оние кои негираат постоење на коронавирусот сега ќе добијат полет, а вистинските демократи – удар. Е, па, ви благодариме многу Георг Нислајн и Николас Лебел!

Пресврт во корона-кризата?

Сега мора многу брзо сè да се разјасни и да следуваат санкции, ветува врвот на Унијата. Но, имиџот е руиниран. А, тоа ќе се покаже и на изборите. Во текот на претстојниот викенд се одржуваат првите покраински избори годинава, која е полна со избори, и тоа во Баден Виртемберг и Рајнланд Пфалц. Уште во текот на изминатите денови паѓаше довербата во ЦДУ. Не мора да си пророк за да предвидиш дека ваквиот тренд ќе продолжи по аферата со маските. Можеби таа насока ќе се задржи дури до сојузните избори во септември.

Аферата со маски покажа дека некои претставници на народот очигледно немаат никаков морален компас и не се стеснуваат да заработуваат на маката на луѓето. Тоа сега им е од помош на оние кои ја презираат демократијата, кои немаат концепт против пандемијата и кои сега може да изигруваат морални инстанци. Благодариме многу Георг Нислајн и Николас Лебел! 

Преземено од „Дојче веле“

[sc name=”dw” ]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот