Масакр во затвор во Еквадор: Најмалку 116 загинати во судир на банди

Затвор илустрација / Фото Архива

Бројот на загинати во судирот помеѓу бандите во затворот во Еквадор надмина 116, додека повеќе од 80 затвореници се повредени, соопштија еквадорските власти.

Тоа е најголем масакр во една затворска институција во историјата на Еквадор.

Управата на затворот во Гајакил соопшти дека најмалку 116 затвореници загинале, од кои најмалку петмина биле обезглавени. Во затворот казна издржуваат најчесто лицата поврзани со нарко картелите.

Контролата врз затворот е вратена по петчасовните борби помеѓу бандите Лос Лобос и Лос Конерос, кои користеле огнено оружје, ножеви и експлозиви

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот