Мас: Турција мора да прекине со експлоатација на природните ресурси во Медитеранот

Турција мора да прекине со експлоатација на природните ресурси во водите на источниот Медитеран доколку сака да ги подобри односите меѓу Турција и ЕУ, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

– Што се однесува до дупчењето на Турција во источниот Медитеран, ние имаме многу јасен став – меѓународното право мора да се почитува, така што напредокот во односите ЕУ-Турција е можен само ако Анкара прекине со провокации во тој дел на Медитеранот – рече Мас за време на посетата на Атина.

Минатата недела, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција ќе започне со сеизмичко истражување и дупчење во медитеранските води во согласност со договорот што го потпиша со меѓународно признатата влада на Либија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот