Мас: ЕУ треба да воведе дополнителни санкции за Русија

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас апелираше до своите колеги од ЕУ да дадат зелено светло за дополнителни санкции за Русија на состанокот во Брисел.

„Јас сум за воведување на дополнителни санкции за листи со специфични лица“, рече Мас во Брисел. Тој истакна дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални не само што е осуден на затворска казна, туку и на нејзино издржување во казнен логор.

„Во исто време мораме да зборуваме за тоа како да одржуваме конструктивен дијалог со Русија, дури и кога односите достигнаа многу ниско ниво“, додаде Мас.

Дипломатите изјавија дека Европската унија е подготвена да подготви забрани за патување и замрзнување на средствата за сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на затворањето на Навални.

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот