Фото: ТВ Телма/принтскрин

Маричиќ: Подготвени сме да ѝ овозможиме на опозицијата да ги формулира уставните амандмани

Во наредните денови ќе објавиме кои имиња ќе ги поканиме во експертската група за уставните измени. Ќе испратиме и писма до сите политички партии во Собранието да номинираат експерти или личности на кои им веруваат да бидат во таа комисија. Сакаме да покажеме дека нема што да криеме и дека нема тајни клаузули, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде Владата е подготвена опозицијата да ги формулира уставните амандмани, како што тие мислат дека треба во согласност со преговарачката рамка, за да стекнат доверба во процесот дека нема ништо тајно.

„Мене ми е жал што опозицијата не се вклучува во делот за реформите, кога не сакаат за уставните измени. Ќе разговараме за патоказите, таму имаме можност и потреба од инпут, знаење и политичко мислење за приоритетите и законите што треба да ги направиме. Треба да изградиме став по некои прашања кои ќе ни бидат реформска задача во следните седум години, без разлика кој е власт или опозиција“, рече Маричиќ.

Да ги завршиме преговорите и да станеме членка. Тоа е реална можност, не е веќе само теоретска шанса, реалната можност треба да ја искористиме, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за „Топ тема“ на ТВ Телма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот